Дома Фудбал Останато Алвес нема дилеми: Гвардиола или се*с? Гвардиола! – Пеп пак има поинакво мислење!

Алвес нема дилеми: Гвардиола или се*с? Гвардиола! – Пеп пак има поинакво мислење!

Mногумина Пеп Гвардиола го сметаат за омилен, посебно тоа се однесува за играчите кои ги тренирал.

Воодушевување од соработката со Пеп покажа и бразилскиот фудбалер Дани Алвес кој имаше само пофални зборови за каталонскиот стратег.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Алвес уживањето во работењето со Гвардиола го опиша со една навистина интересна изјава.

„Уживав да работам со Гвардиола, според мене тоа е подобро од секс“, изјави Алвес за „Скај Спорт“.

Набрзо потоа сето ова стигна до Пеп, па новинарите го запрашаа Гвардиола: Секс или Алвес?

„Преферирам секс…“, со насмевка одговори прославениот тренер кој денес го води тимот на Манчестер Сити.

Ќе потсетиме Гвардиола и Алвес долги години соработуваа во Барселона каде што освоија бројни трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФФМ ги потврди суспензиите на ОФС Кичево и ОФС Охрид

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска го одржа годишното редовно Собрание на …