Дома Фудбал Германија Во Баерн како да немаат самодоверба: Во Дортмунд патуваме како – аутсајдери

Во Баерн како да немаат самодоверба: Во Дортмунд патуваме како – аутсајдери

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес изјави изјави дека неговиот тим не е фаворит во претстојниот натпревар против Борусија Дортмунд во големото дерби на Бундес лигата овој викенд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дербито се игра во сабота со почеток од 18:30 во Дортмунд, а Баерн после 10 кола заостанува четири бода зад „милионерите“.

„Во Дортмунд не патуваме како фаворити, туку како атусајдери – прв пат после подолго време. Не можеме да отидеме таму и да кажеме дека сакаме три бода. Дортмунд во досегашниот дел од сезоната игра навистина одлично“, изјави Хенес.

Пред оваа нивна средба во Лигата на шампионите Борусија Дортмунд запиша пораз од Атлетико Мадрид, додека Баерн Минхен славеше победа против АЕК од 2:0.

Ќе потсетиме, Борусија Дортмунд е единствената екипа во германското првенство која нема пораз и има фантастичен учинок од 30 постигнати погодоци. Пред натпреварот со Атлетико имаа низа од 15 натпревари без пораз во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…