Андрес Иниеста веќе некое време не ги брани боите на својата Барселона, но тоа не значи дека го заборавил тоа што го правеше со години на „Камп Ноу“ – да воодушевува.
Иниеста во доцните играчки години си замина во Јапонија, а во победата на својот Висел Коби над Нагоја Грампус од 2:1 ја воодушеви публиката со својата магична асистенција. Двата гола за Коба ги постигна уште еден прославен фудбалер, Лукас Подолски, но првиот беше навистина ремек дело благодарение на Иниеста.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иниеста се најде на некој 25-26 метри од голот, имаше многу простор, но и голем број на фудбалери на Нагоја кои се стрчаа кон казнениот простор. Сепак, од мајсторската асистенција на Иниеста немаше одбрана, а Подолски акцијата ја заврши со ефективен волеј удар.