Дома Останати Тенис Федерер без игра до третото коло на Мастерсот во Париз

Федерер без игра до третото коло на Мастерсот во Париз

Роџер Федерер без одигран меч се пласираше во третото коло на Мастерсот во Париз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ривалот на Швајцарецот, Милош Раониќ го предаде мечот и така Федерер се пласираше во следната рунда.

Во следното коло Федерер ќе се сретне со Италијанецот, Фабио Фоњини. Фоњини исто така без борба дојде до меч со Федерер, откако тенисерот од Унгарија, Фускович како и Раониќ го предаде мечот.

Ќе потсетиме, Надал се откажа па за титулата во Париз сега главни фаворити се Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ кој ќе се врати на врвот на АТП листата.

Евентуален меч помеѓу Ѓоковиќ и Федерер е можен во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бев уништен, плачев по цели денови“: Надал ја отвори душата за борбата со ретката болест

Рафаел Надал освои 22 гренд слема во својата кариера. Кој знае колку би имал и како би се …