Викендов во спортската сала на ООУ Добре Јованоски во Прилеп во организација на Џудо Клуб СЕИШИН Прилеп се одржа 10 ти Традиционален Меѓународен Турнир во џудо за помлади пионери-ки, пионери-ки и кадети-ки.
На Турнирот учество зедоа вкупно 23 клубови од 6 Држави (Македонија, Србија, Грција, Косово, Бугарија, Црна Гора), со вкупно 222 натпреварувачи.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп настапи со вкупно 27 натпреварувачи а освоени се 21 медал и тоа:
Помлади Понери-ки:
1. Никола Магдески кат. -46 кг 1-во место
2. Даниел Каралиоски кат. -30 кг 2-ро место
3. Седаин Рустемоски кат. -50 кг 3-то место
4. Димитри Џокоски кат. 55 кг. 2-ро место
5. Стефан Врглески кат. -55 кг 3-то место
6. Андреј Сотироски кат. +60 кг 2-ро место
7. Теа Настоска кат. -28 кг. 3-то место
8. Теона Настоска кат. -28 кг. 3-то место
9. Теодора Тасеска кат. -44 кг. 3-то место
Пионери-ки:
10. Георгиј Магдески кат. -55 кг 2-ро место
11. Андреј Трајковски кат. -55 кг 3-то место
12. Магдалена Најдоска кат. -40 кг. 1-во место
13. Леона Настоска кат. -57 кг 2-ро место
14. Вероника Белушанец кат. -52 кг. 3-то место
15. Ивана Стеваноска кат. -63 кг 2-ро место
Кадети:
16. Марко Тодорчески кат. -55 кг 2-ро место
17. Андреј Трајкоски кат. -55 кг 3-то место
18. Валентин Димитриоски кат. -81 кг 3-то место
19. Јован Најдоски кат. +90 кг 1-во место
20. Марио Цинцароски кат. +90 кг 3-то место
21. Мартин Трајановски кат. -60 кг 3-то место
Џудо Клубот Сеишин Прилеп е задоволен не само со остварените резултати туку и со целокупната организација на овој Јубилеен турнир што беше впечаток на сите присутни.