Дома Фудбал Останато ФОТО: Видал на Инстаграм објави контроверзна објава која веднаш ја избриша

ФОТО: Видал на Инстаграм објави контроверзна објава која веднаш ја избриша

Фудбалерите на Барселона синоќа ремизираа на гостувањето против Валенсија (1:1) во дербито на осмото коло од Ла Лига.

Каталонскиот клуб се наоѓа во голема резултатска криза во домашното првенство, бидејќи ова за нив беше четврти натпревар без победа во низа. Некои играчи на Барса не се задоволни од својата минутажа, а пред сите е Артуро Видал.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Чилеанецот по натпреварот со Тотенхем јасно изјави дека му е жал што не играше, а очигледно е дека Валверде сака да го казни за тоа, бидејќи и синоќа остана на клупата. Сепак, Видал е познат по тоа дека нема влакна на јазикот, па и овој пат се огласи на Инстаграм.

„Не се бори со предавниците, пушти ги сами да се обесат“, напиша Видал, но потоа многу брзо ја избриша оваа контроверзна објава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…