Дома Фудбал Останато Ремзи побара од Емери да не игра, но сите се среќни поради причината

Ремзи побара од Емери да не игра, но сите се среќни поради причината

Арсенал вечерва во рамките на 2. коло од Лигата на Европа ќе ги одмери силите против Карабаг.

За лондонскиот тим патувањето во Карабаг ќе биде исто така и најдолгото во историјата на клубот, кога станува збор за официјални натпревари, а во авионот за Азербејџан не се најде Арон Ремзи.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Не, не станува збор за повреда, ниту е отпишан од страна на Емери, туку Ремзи на сопствено инсистирање побарал да остане во Лондон. Ремзи за тоа имал добра причина, со оглед на тоа што неговата сопруга треба да роди близнаци.

„Ремзи ме праша дали може да остане во Лондон, бидејќи неговата сопруга секој час треба да се породи“, изјави Емери.

За Ремзи ова е последна сезона во Арсенал. Иако ја продолжи соработката, дојде до пресврт, па фудбалерот доби одврзани раце следното лето да си побара нов ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал во директни преговори со Челси за една од ѕвездите

Лондонските ривали Арсенал и Челси влегуваат во директни преговори за трансферот на англис…