Дома Фудбал Останато Неколку интересни имиња на списокот од Дешамп

Неколку интересни имиња на списокот од Дешамп

Селекторот на Франција, Дидиер Дешамп денеска го соопшти списокот за претстојните натпревари на Триколорите, односно пријателскиот натпревар против Исланд и натпреварт во Лигата на нации против Германија.

На списокот има и неколку изненадувања и промени во однос на имињата кои во Русија стигнаа до шампионскиот трофеј. Тешката повреда на Умтити го натера Дешамп да побара нови опции во задната линија. Така да, повик добија играчот на Евертон, Курт Зума и дефанзивецот на Кристал Палас, Мамадоу Сако.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сако така се врати во репрезентацијата по повеќе од две години, додека Зума до сега два пати се наоѓаше во списокот на Триколорите, но се уште го чека своето деби. Интересно е тоа што на списокот од Дешамп не имаше место за играчот на Сити, Емерик Лапорт, стоперот на Сити за кого „Граѓаните“ оваа зима платија дури 65 милиони евра.

На списокот се најде и сензацијата на Лион, младиот играч за врска Танги Ндомбеле, додека во офанзивната линија има добро познати имиња.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал во директни преговори со Челси за една од ѕвездите

Лондонските ривали Арсенал и Челси влегуваат во директни преговори за трансферот на англис…