Академија Пандев и Шкендија ремизираа без голови во Струмица, а тоа најдобро го искористи Вардар кој со победата над Победа ја зголеми предноста на табелата.
Прилепчани кои во минатото коло ја изненадија Шкендија во Тетово денес не успеаа да направат уште еден подвиг. Вардар дојде до четвртиот триумф во низа со голот на Лира во 57-та минута.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Работнички ја прекина серијата порази, но одигра само 1-1 против Беласица, идентичен беше резултатот и на мечот Силекс – Македонија ЃП.
Ренова го победи Шкупи со 2:0, додека во дербито помеѓу Акандемија Пандев и Шкендија немаше голови.