Дома Фудбал Англија Јирген Клоп подготви ГОЛЕМА промена во составот која нема да им се допадне на навивачите на Ливерпул

Јирген Клоп подготви ГОЛЕМА промена во составот која нема да им се допадне на навивачите на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул денеска на домашен терен играат против Саутемптон во натпревар од шестото коло на англиската Премиер лига.

„Црвените“ одлично ја започнаа новата сезона со пет победи и низата сакаат да ја продолжат денеска против Саутемптон. Единствен проблем на почетокот на сезоната за Јирген Клоп претставува фактот дека Салах не е во најдобра форма.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пренесуваат дека постои голема шанса Египѓанецот денеска да остане на клупата. Наводно, германскиот стратег сериозно размислува за тоа по прв пат во сезоанта да му даде шанса на Шаќири кој пристигна како засилување од Стоук.

Салах минатата сезона блескаше и заслужено беше избран за најдобар играч во Англија. Меѓутоа, на почетокот на оваа сезона има доста проблеми со реализацијата, а се шпекулира за тоа дека не е во најдобри односи со Садио Мане.

Клоп на вчерашната пресконференција застана во одбрана на Салах и еднсотавно рече дека Египќанецот и понатаму е еден од најважните играчи на неговиот тим. Германецот додаде дека е тешко да се очекува дека Салах ќе ја повтори минатата сезона, но дека во Ливерпул се свесни поради тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалски фан клубови го повикуваат Меси да ја бојкотира средбата со Ангола

ГРУПА НЕВЛАДИНИ организации побараa од аргентинската фудбалска репрезентација и Лионел Мес…