Њукасл ќе направи низа промени во својот тим во следниот преоден рок.
Англискиот тим ќе биде активен на трансфер пазарот откако не успеаа да го направат тоа во летниот преоден рок поради финансиски проблеми. Екипата на Еди Хау беше внимателна со трошењето летово поради нивните проблеми со правилата за профит и одржливост.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Меѓутоа, откако беа решени тие прашања сега можат да се фокусираат на нови засилувања.
Еден од фудбалерите кој е на излезни врати од клубот во зимскиот преоден рок е крилото Мигел Алмирон, според Телеграф. Парагвајскиот интернационалец започна само еден натпревар за тимот на Хау во Премиер лигата оваа сезона.
Тој е надвор од плановите на „Сент Џејмс Парк“, со оглед на тоа дека: Ентони Гордон, Харви Барнс и Џејкоб Марфи се пред него.
Хау не го користи крилниот играч многу оваа сезона и тој е подготвен да го напушти клубот од Премиер лигата за нов предизвик на друго место.
Триесетгодишниот играч моментално има договор со Њукасл до 2026 година и во него има клазула од 60 милиони фунти.