Ракометниот клуб Македонија Ѓорче Петров се пожали дека не наидува на никаква поддршка од Град Скопје и Општината Ѓорче Петров.




Имено, клубот поднел барање за дозвола за тренирање во некоја од училишните сали, барањата биле поднесени и од Град Скопје и до Општина Ѓорче Петров, но дозвола се уште немаат.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Поради тоа тие за новата сезона тренираат на асфалтно игралиште како пред 50 години.
Ништо немаме на ум веќе. Патувавме низ времето. Тренинзи ракометни на асфалт како во 60-тите и 70-тите години на минатиот век. Во денешно време.




Само затоа што со нас си играат институционален пинг понг и “високи” политики кои се прекршуваат преку нашиот грб. 70-тина ракометари вежбаат под отворено небо, само кога не врне.




Дали има смисла целокупниот наш напор?
Се обративме до сите релевантни фактори за салата. Градоначалник на Град Скопје, Секретар на Град Скопје, а денеска до Совет и до Градоначалник на Општина Ѓорче Петров. Нашите можности се тие. Се друго е надвор од нашето поле на дејствување“, стои во нивното соопштение.