Дома Фудбал Тренерот на Мајорка го спореди Јамал со Меси: “Детето реши да даде гол и добра ноќ! Стаорец исто како и Меси!”

Тренерот на Мајорка го спореди Јамал со Меси: “Детето реши да даде гол и добра ноќ! Стаорец исто како и Меси!”

Познатиот мексикански тренер Хавиер Агире синоќа го спореди младиот Ламин Јамал со Лионел Меси. Тој тврди дека е иста раса, брз и незапирлив како стаорец.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мајорка не можеше да ги издржи нападите на Барселона. Неверојатниот 16-годишен Ламин Јамал го реши натпреварот со феноменален гол и ја остави Барса во игра за шампионската титула.

По натпреварот тренерот на гостинската екипа Хавиер Агире ја коментираше играта на овој тинејџер.

“Што да кажам за Ламин Јамал? Детето ја шутна топката и реши да го погоди горниот десен агол од мрежата. Тоа е тоа. Добра ноќ”, рече Агире со насмевка.

Тренерот на Мајорка беше многу расположен. Тој го спореди 16-годишниот со Меси и тоа го направи на интересен начин.

„Кога првпат го видов Меси, ми требаа пет минути да кажам: Ова е стаорец. И Ламин Јамал личи на стаорец. Тој е многу млад, но убеден сум дека ќе донесе многу трофеи на Барселона“, изјави Агире.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА донесе уште една забрана пред Светското првенство!

Светското првенство кое оваа година се одржува во САД, Канада и Мексико, стартува следната…