Покрај фактот што го пропушти вчерашниот и денешниот тренинг без дозвола, Хари Кејн планира да им се врати на долностите до крајот на неделата.
Хари Кејн се обидува да направи притисок кон раководството да го продаде во Манчестер Сити, бидејќи самиот играч смета дека има џентлменски договор со претседателот Даниел Леви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Леви ќе се согласи да го продаде голгетерот само доколку ја добие бараната сума од 160 милиони фунти и не мисли да отстапи од оваа сума.
Манчестер Сити во наредните денови ќе испрати нова понуда од 120 милиони фунти, бидејќи нема намера да ја плати сумата која ја бара Тотенхем.
Следните денови од оваа недела ќе бидат клучни за иднината ан Хари Кејн, кој во наредните денови ќе се врати на тренинзите, но ќе продолжи да инсистира за трансфер на „Етихад“.