Дома Актуелно 25 ГОДИНИ МОТОЦЕНТАР – ПРВ ИЗБОР ЗА ГУМИ

25 ГОДИНИ МОТОЦЕНТАР – ПРВ ИЗБОР ЗА ГУМИ

Оваа година, најголемата продажно – сервисна мрежа за гуми во Македонија одбележува јубилеј – 25 години континуирана и активна работа.

“Мотоцентар“ ја започнува деловната активност со основна дејност: продажба и третман на пневматици. Низ годините што следуваат, Компанијата го диверзифицираше бизнисот во повеќе правци, пред сè, со фокус на познати интернационални компании од оваа бранша, со кои во периодот од две и пол децении се постигнати партнерства за долгорочна соработка.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Следењето на трендовите и почитувањето на локалните услови, на домашниот пазар се постулатите со кои “Мотоцентар“ работи во правец на третман на клиентите и корисниците на услуги, пред сè, преку изборот и унапредувањето на вистинските луѓе и професионалци кои се ангажирани во Компанијата.

Денес, со сопствена продажно – сервисна мрежа, “Мотоцентар“ е присутен на 8 локации, во 5 градови низ Македонија, каде редовно работат повеќе од 100 вработени.

Како општествено – одговорна Компанија одржува долгогодишно пријателство со Специјалната Олимпијада на Македонија и со моментално најдобриот македонски тркач со спортски автомобили, Игор Стефановски – Иџе.

Веќе неколку години по ред, “Мотоцентар“ соработува и со Меѓународната Асоцијација “ДФЦЦА“ (DFCCA – Drive for colon cancer awareness) со која, по повод одбележувањето на јубилејот “25 Години Мотоцентар“ беше реализирана хуманитарна акција. Во рамки на настанот, во организација на “Мотоцентар“, се одржа и првата изложба во Македонија на модели од најуспешното произведено возило во светот – “Porsche 911 Carrera“.

Како дополнение кон одбележувањето на јубилејот, за сите потрошувачи, во тек на цел месец Октомври се спроведува акцијата “Moтоцентар 5% Cashback“. Повеќе информации за програмата можете да погледнете на: http://motocentar.mk/PromociiStrana.aspx?lngId=1&IdPromocija=49 .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…