Украинецот Серхи Шевченко е победник на овогодинешното издание на „Скопскиот маратон“.
Кај дамите, Луиза Гега стигна до победата со време од 2:35:34, пред македонската маратонка Андријана Поп Арсова.
Со личен рекорд од 2:22:49 секунди, Шевченко ја прекина 10-годишната доминација на Кенијците поради нивното отсуство годинава.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На второто место заврши нашиот атлетичар Дарио Ивановски, кој заостана речиси две минути зад украинскиот маратонец, со време од 2:31:16 секунди, кое му обезбеди победа на државното првенство во маратон.
На второ место во државното првенство е Александар Кираџиев со време од 02:40:57, а на трето место заврши Марјан Бонев со истрчан маратон за време од 02:42:41.
Во женска конкуренција, победник на државното првенство во маратон е Адријана Поп Арсова 02:58:14, на второ место за време од 03:13:21 заврши Билјана Кираџиева, а на трето место е Весна Кираџиева со време од 03:27:41.
Во државното првенство во полумаратон победник е Атанас Анчевски со време од 01:14:09, на второ место е Милош Ранчиќ со полумаратон истрчан за време од 01:14:19, а на трето место со време од 01:17:20 заврши Димитар Петровски.
Најдобра во женска категорија на државното првенство во полумаратон е Милјана Ристиќ со 01:26:31, Сања Најдовски се најде на второто место со 01:38:33 и на третото место заврши Маја Рајчина со време од 01:38:52.