Дома Македонски спорт 2007/2008: Кога Николас Анелка ги сруши европските соништа на Работнички (ВИДЕО)

2007/2008: Кога Николас Анелка ги сруши европските соништа на Работнички (ВИДЕО)

Се сеќавате кога Болтон со Николас Анелка играше против Работнички?

Тоа се случи во летните квалификации во сезоната 2007/2008.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Болтон денес не е премиерлигаш не е тим како во тоа време, клубот се соочи и со сериозни финансиски проблеми. Но, во тоа време Болтон во својот тим имаше прилично респектабилни имиња. Фудбалските фанови од тоа време сигурно се сеќаваат голманот Јаскелаинен, Нолан, Диуф…Најпознато име во тимот беше Николас Анелка.

Работнички на тој натпревар на „Градски“ настапи во состав: Маџовски, Демири, Станишиќ, Османи, Тричовски, Адекуле, Глигоров, Милисавјевиќ, Божиновски, Вајс и Неџипи. На клупата ги имаа: Пачовски, Шабани, Селим, Велкоски, Ѓорески, Идризи, Пејчиќ.

И дуелот во Скопје започна одлично, Милисавјевиќ се најде во супер прилика и ја искористи за ерупција помеѓу гледачите. Додека резултатот беше 1:0, Работнички имаше уште две супер прилики, за жал не ги реализираа. Подоцна Болтон казни преку Меите. 1:1 беше и резултатот со кој заврши средбата во Скопје.

Тоа беше резултат кој даваше надеж на скопскиот тим, но на „Рибок“ стадионот човек на одлука беше Николас Анелка, Французинот беше најскапиот играч на Болтон во тоа време. Анелка само триесетина секунди откако влезе во игра ја погоди мрежата на Работнички. Стелиос Јанакопулос испрати центаршут, кој, исто така, влезе во игра на стартот на второто полувреме, а Анелка го казни прекраткиот скок на Станишиќ и го лобуваше Пачовски за конечни 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…