Дома Останати 19-годишната Андреску сензационален победник на УС Опен (видео)

19-годишната Андреску сензационален победник на УС Опен (видео)

19-годишната тенисерка, Бјанка Андреску направи големо изненадување во финалето на УС Опен, откако славепе со 2-0 против Серена Вилијамс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Таа е првата тинејџерка која по 2006 година освоила Грен Слем турнир, тогаш тоа го направи Марија Шарапова исто така на УС Опен.

Андреску доминираше во текот на целиот меч и првиот сет го освои со 6:3. Вториот сет исто така го започна одлично и имаше е резултат 5:1, но Вилијамс успеа  да добие 4 гема по ред и да изедначи 5:5.

Сепак, на крајот славешее канадската сензација, која од март нема изгубено меч, а против топ 10 тенисерките води 8:0.

„Знаев дека сите на стадионот сакаат да победи Серена, извинете. Знаев дека нема да се предаде и ќе се обиде да се вати во мечот, но јас успеав да ја победан. Последниот гем не беше лесен. Почна да сервира подобро и топчињата летаа насекаде. Мило ми е што го освоив трофејот“, порача Андреску.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Иако звучи малку грубо, единствената вистина е дека сите други спортови и натпреварувања з…