Големи инциденти вчера се случуваа на ракометното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, а утрово МВР потврди дека приведени биле 18 лица.
Дербито по инцидентите продолжи, а на крајот Вардар славеше убедлива победа со 31:24.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На 26.03.2023 полициски службеници приведоа 18 лица во врска со нарушување на јавниот ред и мир на натпреварот Вардар-Е. Пелистер во салата Јане Сандански во Скопје.
Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување на силство на спортски натпревари“, стои во соопштението на МВР.