Раководството на Милан е во потрага по дефанзивец во зимскиот преоден рок, па откако пропаднаа преговорите со Тобидо сега ќе се насочи кон други цели.
„Скај Спорт“ пренесува дека прв избор на „росонерите“ сега е младиот стопер на Челзи, Андреас Кристенсен. Оваа сезона Данецот настапи само на осум натпревари, последниот од нив на почетокот на декември.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Милан, кој се наоѓа на 12-то место во Серија „А“, сака да го позајми Кристенсен до крајот на сезоната со опција да го откупи неговиот договор.
23-годишниот дефанзивец знае дека нема да добива голема минутажа во Челзи, па и самиот инсистира да се пресели во Милано.
Друга опција за „росонерите“ е исто така данскиот интернационалец, но од редовите на Аталанта, Симон Кјаер. Данецот е во Бергамо како позајмен играч од редовите на Севиља.
AC Milan are considering a move for Chelsea centre-back Andreas Christensen. This'll be a loan with option to buy. (Source: Sky Italia) pic.twitter.com/bjP5aXIKxy
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 8, 2020