Дома Трансфер зона Две трансфер цели на Барса одбија да потпишат нови договори

Две трансфер цели на Барса одбија да потпишат нови договори

Барселона сака да се засили во зимскиот преоден рок па така неколку имиња се споменуваат во овој контекст.

Фабијан Руиз од Наполи и Вилијан од Челзи веќе некое време се на радарот на каталонскиот клуб кој сега доби и дополнително ветар во грб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонците го имаат Руиз како мета во јануари, а исто така заинтересирани да го доведат во своите редови се уште Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Сепак, Мундо Депортиво пишува дека Барселона може да почека до лето за трансферите на Руиз и Вилијан бидејќи и двајцата немаат намера да потпишат нови договори со своите клубови и чекаат понуда од Каталонците.

На Вилијан договорот му истекува на лето, па Барса веќе во јануари може да преговара со него за во јули да стигне на Камп Ноу како слободен играч.

Од друга страна, шефот на Наполи, Де Лаурентис, сака Руиз да потпише договор до 2023. година во кој би имал откупна клазула од 90 милиони евра. Со оглед на хаотичната ситуација во последниот период во Наполи, најверојатно до договор нема да дојде, а Барселона чека подготвено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…