Дома Фудбал Останато 15 луѓе во 25 метри квадратни: Еве како изгледа затворот во кој Грција ги смести хрватските хулигани 🎥

15 луѓе во 25 метри квадратни: Еве како изгледа затворот во кој Грција ги смести хрватските хулигани 🎥

Во тек е истрагата за нередите во Атина во кој загина 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис. Судот викендов го заврши сослушувањето на уапсените 105 навивачи и на сите им е одредена мерка притвор.

Според информациите на грчките медиуми, првите 41 од групата од 105 навивачи ќе бидат распределени во 16 затвори во Грција. Осум хулигани на Динамо ќе бидат испратени во затворот Авлона, шест во Коридалос, додека останатите 27 ќе бидат префрлени во 27 затвори.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Родителите на навивачите се загрижени поради одлуката толку многу да ги распредели во различни затвори.

Дел од навивачите се жалеа и на условите во кои се сместени, а сега хрватски „Индекс“ објави видео од затворот Коридалос. На видеото може да се види како во просторија од 25 метри квадратни се сместени 15 луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повеќе нема дилеми: Откриено и колку ќе заработува Модриќ во Милан!

Хрватскиот играч од среден ред, Лука Модриќ, ја продолжува својата фудбалска кариера во Ми…