Македонија има нова спортска надеж.
На 5-ти октомври Виктор Димовски го освои Интернационалниот шампионски појас во кик-бокс во Германија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа ова не е негов единствен успех, ова момче е навикнато да реди успеси и да победува.
Досега Виктор има учествувано на ланското светско првенство има освоено две трети места. Има освоено уште едно европско два пати бил 1-во место на интернационалниот шампионат и уште неколку други првенства и турнири во рок од неполна 1 година има освоено 1 појас 8 пехари 8 медаљи и 17 сертификати и вчера освои 4 пати прво место на светското првенство 4 награди и 4 сертификати.
Виктор тренирал 6 години карате во „Шото Кан“ во Велес го положи плавиот појас, а потоа со семејството се пресели во Германија каде што живее веќе три години заедно со неговот семејство. Со кик-бокс почнал да се занимава пред две години.
Навистина Виктор веќе зад себе има спортски успех кој не е за занемарување, а има само 13 години.
Ние му посакуваме да реди уште многу победи.