Дома Фудбал Англија Арсенал – Манчестер Јунајтед: На „топџиите“ ќе им треба тешка артилерија да го запрат овој Јунајтед!

Арсенал – Манчестер Јунајтед: На „топџиите“ ќе им треба тешка артилерија да го запрат овој Јунајтед!

Големо дерби ќе се одигра вечерва во четвртфиналето од ФА Купот, помеѓу двете најтрофејни екипи во ова натпреварување, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Двата тима играат одлично во последно време и во одлично расположение влегувата во овој меч, а тоа особено се однесува на Манчестер Јунајтед кој игра како препороден со доаѓањето на Солскјер на кормилото.

Арсенал тука гледа шанса за трофеј


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Топџиите“ со одлична партија го победија Челзи и дојдоа на само три бода од местото кое води во Лигата на шампиони, што е примарна цел на тимот. Сепак, јавна тајна е дека Арсенал сака да освои трофеј во некое куп-натреварување и така да го прекине постот. Со оглед дека отпаднаа од Луга Купот, токму во ова натпреварување ја гледаат шансата за трофеј.

Во претходното коло Арсенал лесно го елиминираше Брајтон, но сега ќе имаат тешка задача да го запрат „забревтаниот“ Манчестер Јунајтед. Хендикеп за Емери ќе биде повредата на Белерин, па него би требало да го менува ветеранот Лихштајнер.

Арсенал инаку има одличен просек со клубовите од Премиер лигата во ова натпреварување. Имено, „топџиите“ победија на 12 од последните 13 меча, единствен пораз во ФА Купот им е од Ватфорд во сезоната 2015/16.

„Ѓаволите“ не планираат да ја прекинат добрата серија

Познато е дека статистиката во многу случаи знае да погреши, но кога е Јунајтед во прашање, статистиката во последно време кажува се. Од доаѓањето на Солскјер на клупата Јунајтед победи на сите 7 натпревари, а претходно со Мурињо имаа само две победи во последните осум меча.

Јунајтед почна да игра во формација 4-3-3, Солскјер му даде поголема слобода на Погба, а во нападот игра со млади и брзи фудбалери. Поради тоа „црвените ѓаволи“ имаат имперсивна гол разлика на последните седум меча. За овој меч во тимот се враќа и Санчез, па Јунајтед сигурно ќе сака да ја продолжи серијата победи или во најлош случај да обезбеди реванш на „Олд Трафорд“.

Веројатни состави:

Арсенал: Чех, Лихштајнер, Мустафи, Сократис, Монреал, Гендузи, Џака, Вилок, Озил, Ивоби, Лаказет.

Манчестер Јунајтед: Де Геа, Јанг, Баи, Линделоф, Шоу, Херера, Матиќ, Погба, Мата, Лукаку, Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…