Бундеслигата се подготвува за продолжување на сезоната, па беа направени тестови за коронавирус во сите клубови во првата и втората лига.
Медиумите објавија дека во 14 екипи нема позитивни слуачи и дека резултатите, а вкупно само 10 тестови биле позитивни од вкупно 1.724 тестови на играчи, тренери и членови на клубовите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бундеслигата е во пауза од 13 март, а останаа девет кола до крајот. На клубовите моментално им е дозволено тренирање во помали групи и без контакт, а натпреварувањето би можело да се продолжи најрано на 16 мај, доколку фудбалерите добијат „зелено светло“ од политичарите.
Германската фудбалска лига изработи посебен здравствен протокол на кој треба да се придржуваат сите клубови и играчи во случај на продолжување на Бундеслигата.