Дома Останати Кошарка Џејмс доминира и на 40 години, но тоа не е доволно за Лејкерс (Видео)

Џејмс доминира и на 40 години, но тоа не е доволно за Лејкерс (Видео)

Леброн Џејмс на крајот од минатата година наполни 40 години, но кога ги погледнете како игра и неговата статистика, впечатокот е како да има 20 години.

Синоќа беа одиграни четири натпревари од НБА програмата, а „дерби“ средбата се одигра во Филаделфија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Филаделфија ја пречека екипата на Лос Анџелес Лејкерс и на крај како домаќини остварија победа. Конечниот резултат од средбата гласеше 118:104 (25:25, 48:32, 26:19, 19:28).

Навистина неверојатен е податокот дека Лос Анџелес Лејкерс во втората четвртина примија не помалку, туку речиси 50 поени.

Најефикасниот поединец кај Лејкерс беше неверојатниот Леброн Џејмс, кој го заврши натпреварот со 31 поен, осум скокови и девет асистенции.

Навистина, кога ќе ги погледнете неговата игра и бројките што ги има, малкумина би помислиле дека има 40 години. Со вакво темпо, ништо не би било чудно ако игра и до својата 50-та година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер пушти ѕвезда од 100 милиони, па го врати кошаркар со кој Јокиќ освои шампионски прстен

Денвер Нагетс го трејдуваа Мајкл Портер Јуниор и пик на првиот круг (2032) за Кем Џонсон. …