Дома Македонски спорт Ќе се отвараат стадионите со 30% капацитет за сите натпревари

Ќе се отвараат стадионите со 30% капацитет за сите натпревари

После вчерашната одлука на Владата Арената „Тодор Проески“ да се отвори со 30% од капацитетот за пријателскиот натпревар Македонија – Словенија денес, министерот за здравство Венко Филипче објави нови мерки.

Во новите мерки донесена е предлог да се дозволи сите натпревари да се играат со 30% од капацитетот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот“, стои во објавата.

Ова значи дека и за натпреварот против Казахастан кој се игра три дена подоцна ќе биде дозволен влез на околу 10.000 навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …