
Винисиус Жуниор реши да стави крај на неоснованите медиумски шпекулации и објави дека ќе го продолжи договорот со Реал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оваа вест ексклузивно беше објавена од познатиот инсјадер Фабрицио Романо, кој ја пренесе изјавата на бразилскиот ас.
“Кога ќе дојде вистинското време, ќе го продолжам договорот со Реал Мадрид и ќе останам овде долго. Реал Мадрид е клубот од моите соништа,” изјави Винисиус.
Изминатите месеци различни портали објавуваа “ексклузиви” за тоа како Винисиус го напушта Реал, а Бразилецот објасни и зошто сè уште не ја има продолжено соработката со Кралевите.
“Имам уште една година до истекот на договорот, но сум многу спокоен во поглед на преговорите. Имам доверба во претседателот Флорентино Перез. Исто така, имам посебна врска со тренерот Арбелоа, како што имав и со Анчелоти. Тренерот секогаш ми објаснува што очекува од мене и секогаш давам сè од себе, и така ќе продолжам,” изјави Винисиус.