Ракометарот кој настапуваше во дресот на Металург, Немања Обрадовиќво интервју за српските медиуми истакна дека ова што му го прави тимот од Автокоманда е нечовечки.
Откако по една година не успеа да најде заеднички јазик за продолжување на соработката, Обрадовиќ одлучи да потпише двегодишен договор со полски Висла Плок.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, во моментов Металург иако нема право на тоа, не сака да му даде исписница на српскиот интернационалец, а бара и 50.000 евра од полскиот состав.
„Со Металург имавме договор на една година, со можност да преговараме. Но, не се договоривме и со сето право потпишав двегодишен договор со Висла Плок. Оттаму не знам што е спорно, но она што ми го прави Металург е нечовечки. Не ми даваат исписница, а и бараат обештета на која немаат право. Најпрво мојот нов клуб им понуди 10,000 евра, но тие побараа многу повеќе. Ова ќе го докажувам пред судот на ЕХФ во Виена затоа што сум во право. Ми беше прекрасно во Македонија, а и имав одлична сезона која резултираше со најдобар стрелец и во домашното првенство и ЛШ“, истакна Обрадовиќ.
Српските медиуми информираат дека Обрадовиќ се соочил со закана од Металург кој му порачал: „Ќе останеш до 2018. година, па макар и да умреш“.