Дома Фудбал Човекот кој имаше чудно „проклество“ му кажа збогум на фудбалот!

Човекот кој имаше чудно „проклество“ му кажа збогум на фудбалот!

Арон Ремзи, еден од најзначајните фудбалери во историјата на велшката репрезентација и играч кој остави траен впечаток во Арсенал, одлучи да ја заврши својата професионална кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 35-годишен фудбалер ги завршува своите настапи како член на мексиканскиот клуб Пумас.

На внуците ќе им раскажува за својата важна улога во репрезентацијата за време на Европското првенство 2016, кога Велс играше во полуфиналето и беше дел од тимот на првенството. Исто така, настапи и на ЕП 2020, како и на Светското првенство 2022.

Ремзи ја започна својата кариера во Кардиф, а од 2008 до 2019 година беше дел од Арсенал.

Фудбалот ќе го памети и како фудбалер кој го имаше најчудното „проклетство“ бидејќи во еден период од неговата кариера по негов гол светот се простуваше од некоја славна личност.

По трансферот во Јувентус каде играше три години, тој кратко беше во Ренџерс, потоа во Ница една година, за во 2023 повторно да се врати во Кардиф, но во 2025 година реши да игра во Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рабио предизвика хаос во Франција со изјавите по поразот од Англија

Франција синоќа беше поразена во натпреварот за трето место на Светското првенство од Англ…