Дома Фудбал СЕНЗАЦИОНАЛНО: Пеп Гвардиола од летово ќе оди во Италија?!

СЕНЗАЦИОНАЛНО: Пеп Гвардиола од летово ќе оди во Италија?!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, од летово би можел да се врати во Италија.

Поранешниот фудбалер на Рома и Бреша сега е во прв план како нов селектор на репрезентацијата на Италија која по трет пат по ред не успеа да се пласира на Светското првенство што оваа година се одржува во САД, Канада и Мексико.

Досега се споменуваа Антонио Конте, Роберто Манчини и Масимилијано Алегри, но според пишувањата на медиумите на Апенините, Гвардиола сега е во пол позиција за таа улога која нема да биде нималку лесна.

Тежок предизвик го очекува Гвардиола, а јавниот притисок е веќе огромен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …