Двата гола на Лука Јовиќ во претсезоната и „деветката“ се можеби најава дека ќе има пресврт со неговата ситуација во Милан, а тука е и последната изјава на тренерот Фонеска која е во таа насока.
Милан го освои „Купот Силвио Берлускони“, а Јовиќ беше стрелец во победата од 3:1 над Монца. Претходно на американската турнеја постигна гол и против Барселона, па по натпреварот логично прашање за Пауло Фонсека беше дали неговата одлука е Јовиќ да го наследи дресот со број 9.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Искрено, не го познавав доволно Јовиќ, но тој ме изненади во текот на претходните недели. Тој е играч кој може многу да му помогне на тимот со своето чувство во шеснаесетникот. Од она што го видов на тренинг, можам да кажам дека многу ми се допаѓа.“ рече Фонсека.
Ова би можело да биде јасен показател дека Јовиќ ќе остане во Милано,.