Италијанскиот гигант Јувентус се вклучи во битката за потписот на Мемфис Депај, пренесуваат шпанските медиуми.
„Бјанконерите“ брааат наследник на Дибала кој на крајот на сезоната како слободен агент ќе го напушти клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и одлично се вклопи во тимот. Меѓутоа, Чави не е симпатизер на неговата игра, ги доведе Торес и Обамејанг, па минутажата на Холанѓанецот значително се намали.
Холанѓанецот на лето сигурно ќе ја напушти Барселона, а интерес за него покажуваат Милан, Тотенхем и сега во трката се вклучи Јувентус.
Депај има договор до 2023 година, Барселона е спремна да го продаде, а „старата дама“ веќе почна да работи на трансферот.