Првиот голман на Јувентус, Војчех Шчесни го раскинал договорот со италијанскиот клуб, пишува Фабрицио Романо.
34-годишниот полски голман имаше договор за уште една година, но тој и клубот одлучија дека е најдобро веднаш да се разделат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Минатата сезона Шчесни беше прв избор на тренерот Масимилијано Алегри и бранеше на 35 натпревари во италијанското првенство.
Оваа сезона на негово место ќе дојде 31-годишниот Матија Перин.
Полскиот голман пристигна во Јувентус летото 2017 година.
Бранеше на вкупно 252 натпревари и прими 233 гола, во просек помалку од еден гол по натпревар. Тој освои три шампионски титули и три Купа на Италија.
Покрај во Јувентус бранеше и во Рома (81 натпревар), Арсенал (181 натпревар) и кратко во Брентфорд. Тој се уште е репрезентативец на Полска, со кој беше на ЕП. Вкупно има 84 настапи за националниот тим.