Дома Останати Кошарка Јокиќ не можеше сам, тежок пораз на Денвер од Сакраменто

Јокиќ не можеше сам, тежок пораз на Денвер од Сакраменто

Синоќа во НБА кошаркарската лига силите ги одмерија Никола Јокиќ и Домантас Сабонис. На крајот, Литванецот имаше причина за славење, бидејќи неговиот Сакраменто го совлада Денвер со 135:106 (32:35, 35:22, 39:29, 29:20).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Српскиот центар беше најефективниот играч во тимот од Колорадо, но тоа е слаба утеха бидејќи тимот од Калифорнија им го нанесе еден од најтешките порази на Нагетс.

Јокиќ мечот го заврши со 23 поени, осум скока и седум асистенции. На теренот помина речиси 30 минути, а од поле шутираше 9/17 – за три (1/1).

Во победничкиот тим најдобар беше Малик Монк со 23 поени, додека Сабонис забележа „трипл-дабл со 17 поени, 17 скока и 10 асистенции.

Нагетси се четврти во Западот со скор 36-17, додека Сакраменто (30-21) се шести во истата конференција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…