Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ кој настапува во дресот на Гезтепе денес имаше навистина бурно претпладне.
Гезтепе денес гостуваше кај тимот на Сиваспор и запиша победа од 2:3, а во главна улога беше нашиот Адис Јаховиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Јаховиќ, рано во 16 минута ја погоди сопствената мрежа, но потоа следуваше вистинско шоу од македонскиот интернационалец. На нешто помалку од петнаесетина минути до крајот Јаховиќ повторно се запиша во листата на стрелци, овој пат на страната каде што требаше. За потоа во финишот од полувремето со удар од белата точка Јаховиќ да донесе и предност на својот тим.
Започна второто полувреме, поминаа само осум минути, а Јаховиќ повторно се најде во главна улога на теренот, нов пенал и нова реализација за хет-трик на Македонецот.
Јаховиќ игра во одлична форма и во овој момент е еден од најдобрите стрелци во турското првенство со шест постигнати погодоци.