Полскиот тим на Висла Плоцк официјално потврди дека Вардар се засилува со јапонскиот ракометар Косуке Јашухира.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за ракометар кој има 23 години и кој пристигнува на едногодишна позајмица во обидот Вардар да се врати на тронот во македонскиот ракомет откако во минатата сезона шампионската титула заврши кај Еурофарм Пелистер.
Минатата сезона Јапонецот ја помина во францускиот Ним, каде што на 13 натпревари постигна 13 гола.