Дома Останати Тенис Јаник Синер со пресврт до четвртфинале на Ролан Гарос

Јаник Синер со пресврт до четвртфинале на Ролан Гарос

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ победувајќи го Французинот Корентин Муте – 3:1 (2:6, 6:3, 6:2, 6:1).

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Муте, моментално 79 играч на АТП листата, на стартот од мечот го изненади фаворизираниот Синер и убедливо го доби првиот сет со 6:2.

Италијанецот значително ја подобри играта и продолжи да доминира на теренот за сигурна и очекувана победа во осминафиналето.

Тоа беше нивната прва средба и траеше два часа и 44 минути.

Синер во четвртфиналето ќе се сретне со Григор Димитров од Бугарија, кој во три сета 7:6, 6:4, 7:6 беше подобар од Хуберт Хуркач од Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка ги „запали“ социјалните мрежи, погледнете како ќе настапи на Ролан Гарос (Видео)

Светската тенисерка број еден, Арина Сабаленка, повторно е во центарот на вниманието, овој…