Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски продолжува да игра одлично во дресот на Вашингтон стејт универзитетот, изминатата вечер тој беше помеѓу најдобрите во победата на својот тим против Портланд стејт (69-60).
Јакимовски сега го подобри својот личен рекорд и натпреварот го заврши со 12 поени, погоди три тројки, а додаде и седум скока. На теренот помина 34 минути што е најмногу до сега во неговиот нов тим.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Коментари