Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се најде во потесниот список на кандидати на реномнираниот „Би-Би-Си“ за најдобар спортист на планетата во 2023 година.
Во објавата стои дека Ѓоковиќ освоил три Грен слем оваа година, го соборил вечниот рекорд со 23-от најголем освоен тениски турнир и станал првиот тенисер кој три пати го освоил секој Грен слем. На УС Опен, тој го израмни рекордот на Маргарет Корт со 24 Грен слемови, а сезоната ја заврши со седми трофеј на Завршниот турнир во Торино, што никој досега не го направил.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Исто така, тој ја престигна Штефи Граф по бројот на недели на првото место на ВТА листата во машка и женска конкуренција заедно, минувајќи ја бројката од 400 недели.
Негови конкуренти се гимнастичарката Симоне Билес, шампионот во Формула 1, Макс Верстапен, јужноафриканската рагбист Сиа Колиси, шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд.
Гласањето трае до 12 декември, а наградата ќе биде доделена на 19 декември на првата програма на „Би-би-си“ по 70-ти пат.
Минатата година победник беше Лео Меси.
BBC Sports Personality of the Year: World Sport Star nominees are HERE! ⭐️🌎
— BBC Sport (@BBCSport) December 5, 2023
Simone Biles 🤸♀️
Aitana Bonmati ⚽️
Erling Haaland ⚽️
Novak Djokovic 🎾
Siya Kolisi 🏉
Max Verstappen 🏎
Voting closes 12 December 2023, 22:00 GMT
Voting and terms & privacy notice on the BBC… pic.twitter.com/YfeN0FUjiP