Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ повторно покажа дека има големо срце и со несебичен гест ги воодушеви и критичарите.
Ѓоковиќ им овозможи на послабо рангираните тенисери да тренираат бесплатно во одлични услови во Белград.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вратата на неговиот тениски центар ќе биде отворена за тенисерите, кои најтешко ги погоди актуелната ситуација со вирусот.
На располагање ќе имаат хотел, оброк, три тениски терени, теретана, бесплатни услуги на физиотерапевт и други работи.
„Во зима терените се многу скапи за тенисерите, посебно за тие кои се од 700. до 1000. место на АТП-листата. Ѓоковиќ направи неверојатен потег за нашата земја, ова е неверојатно“, изјави тренерот Петер Поповиќ.
In a country without a strong national federation, #1 Novak Djokovic is doing a whole heckin’ lot to help develop pro tennis players in Serbia. https://t.co/wo6g3LO7KO
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) November 30, 2020