Новак Ѓоковиќ славеше против Холгер Руне во осминафиналето на „Вимблдон“, а по мечот и се обрати на публиката.
Одреден дел од публиката постојано го провоцираше Ѓоковиќ во текот на мечот со извици како „Буууу“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„За сите навивачи кои останаа, имам голема почит што се тука од сѐ срце. На сите оние кои избраа да не ја почитуваат играта, играчите и мене, им посакувам доообра ноќ“, изјави Ѓоковиќ.
Тоа предизвика големо внимание па Србинот доби неколку прашања за публиката на интервјуто од „Би-Би-Си“.
„Имате ли некои други прашања освен публиката? Дали сте фокусирани само на тоа? Дали имате прашања за натпреварот или нешто слично или фокусот е само на тоа? Прашавте веќе, кажав што имам да кажам“, рече Новак.
— Mariel (@malasirena111) July 9, 2024