Ссдумкратниот шампион на Вимблдон, Србинот, Новак Ѓоковиќ, е охрабрен од неговиот напредок по малата операција на коленото пред помалку од три недели и ќе игра на Грен слем турнирот следниот месец само доколку почувствува дека може да се бори за титулата.
Ѓоковиќ (37) го повреди коленото во својот натпревар од четвртото коло на Ролан Гарос и се повлече од четврт-финалето пред да биде опериран на 6 јуни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не дојдов овде да одиграм неколку кола“, изјави Ѓоковиќ за Би-Би-Си по вчерашниот тренинг.
„Ако знам дека можам да играм блиску до најдоброто или најдоброто од себе, тогаш ќе играм. Ако не, тогаш ќе му дадам шанса на некој друг да игра“.