Дома Фудбал Останато Шчесни за натпреварот со Спортинг: Беше страшно, мислев дека ќе умрам

Шчесни за натпреварот со Спортинг: Беше страшно, мислев дека ќе умрам

Поминаа два ипол месеци откако голманот на Јувентус, Војчех Шчесни го напушти теренот во 44-та минута од четвртфиналето против Спортинг.

Полскиот голман наеднаш се пожали на болка во градите и неколку минути му се укажуваше помош, а теренот го напушти во сеолзи. Сега за „Канал Плус Полонија“ зборуваше како се чувствувал во тие моменти.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Беше застрашувачки. Навистина мислев дека ќе умрам. Откако ја додадов топката до соиграчот се почувствував како да ќе експлодирам. Веднаш му кажав на Милик при корнерот дека сум повреден, но играчите на Спортинг веќе го изведоа корнерот. Болката во градите беше страшна“, изјави Шчесни.

Лекарскиот преглед направен на стадионот за среќа не покажаа никакви проблеми со срцето на полскиот голман и денес тој не знае што точно му се случило.

„Не знам која беше причината. Можеби проблем со грбот, не можам да кажам“, изјави голманот.

За среќа се беше во ред и тој бранеше во реваншот против португалскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…