Новиот голман на Барселона Војчех Шчесни и официјално е пријавен за натпреварите од Лигата на шампионите.
Каталонскиот клуб го искористи правилото да доведе голман без клуб по повредата на Андре Тер Штеген, па така Шчесни кој објави пензија во август сега се враќа помеѓу стативите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полјакот веќе започна со тренинзи и се очекува да добие шанса да дебитира веднаш по репрезентативната пауза, на 20 октомври против Севиља.
Исто така Гави, Дани Олмо и Фермин Лопез дотогаш ќе се опорават, па се очекува Барселона со силен состав да продолжи и во Лигата на шампионите каде што на 6 ноември игра против Црвена Звезда во Белград.