Tренерот на Наполи, Џенаро Гатузо во последно време има проблеми со десното око.
Гатузо е приморан да носи заштита преку окото, а причина за тоа е болест која се нарекува окуларна миастенија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Станува збор за автоимуна болест која го погодува надворешниот дел на окото и трепките. Мускулите ослабуваат и окото се затвара.
Гатузо поради тоа носи посебни наочари, а преку окото има и заштита, така ќе остане додека ситуацијата не се поправи.
Наскоро се очекува со тренерот на Наполи се да биде во ред. Гатузо инаку веќе се навикна ова да му се случува и веќе одредено време се носи со овој проблем.