Tимот на Манчестер Јунајтед после неколку добри резултати на своите навивачи им приреди шок со вчерашниот пораз од Вотфорд кој е последен тим на табелата во Премиер лигата.
Јунајтед беше поразен со 2:0, а еден од главните виновници за разочарувачкиот резултат е голманот Давид Де Геа.
I don’t want to hear De Gea in best goalkeeper debates ever again pic.twitter.com/hqnhNyA8A0
— Niall ㋡ (@niallmoran_) December 22, 2019
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Де Геа катастрофално реагираше на почетокот на второто полувреме кога Исмаил Сар го постигна голот. Чудно е тоа што за еден од најдобрите голмани во светот ова е шеста грешка која била причина за гол во Премиер лигата.
Со тие шест грешки Де Геа е на врвот во овој сегмент (директни грешки за гол) од почетокот на минатата сезона.
Ова е чудно затоа што Де Геа долго време беше најсветла точка во тимот на Манчестер Јунајтед, а сега и тој се вклопи во сивилото на еден од најголемите англиски клубови.