Кристијано Роналдо е ликот од насловната на ФИФА 18, а постојат играчи кои ги интересира што ќе се случи кога Португалецот ќе ја заврши кариерата на оваа игра.
Во Career Mode секој фудбалер може да се пензионира без разлика на годините, а таква е и ситуацијата со Кристијано Роналдо. Меѓутоа, она што тогаш ќе се случи не само што не е реално, туку и невозможно во реалноста.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдо на ФИФА 18 брзо се враќа во фудбалот откако ќе ја заврши кариерата, но во друга улога. Набрзо станува тренер на Барселона Б, а автоматски му се менува и изгледот, кој не приликува на себе.
Уште една занимливост е дека Роналдо на почетокот од тренерската кариера во Б екипата на Барселона добива плата од 13.000 фунти неделно.
Во продолжение погледнете го видеото кое ќе ги интересира многу гејмери помеѓу нашите читатели.