Дома Фудбал Останато Што навистина се случи, зошто Лео Меси сакаше да си оди во Манчестер Сити?

Што навистина се случи, зошто Лео Меси сакаше да си оди во Манчестер Сити?

messi

Многу бучава направи информацијата дека Лео Меси сакал да ја напушти Барселона и да се пресели во Манчестер Сити.

Англиските медиуми пишуваа дека „Граѓаните“ понудиле 250 милиони евра за Меси и 50 милиони провизија на неговиот татко.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Што вушност се случувало во јули 2016. година?

Прво, Лео загуби нова Копа Америка против Чиле, а на тоа се надоврза процесот околу даночното затајување, мадридските медиуми го распнаа, на крајот се извлече со условна затворска казна и голема казна, а весниците отидоја толку далеку што го нарекоа лидер на „криминалниот клан“. Во тие моменти Меси сакаше да ја напушти Шпанија, а спроед анализите на неговиот татко и нивните советници единствениот клуб кој можеше да го дозволи Меси беше Сити, покрај тоа таму пристигна и Гвардиола.

Преку адвокатот на Меси, Соријано беше соопштена можноста Сити да го купи Меси, „Граѓаните“ се разбира делуваа позитивно, но ситуацијата брзо се промени, не се споменати сумите, бидејќи тој одлучи сепак да остане во Барселона која сето време стоеше со него. Така да, приказните за сумите не се точни, а Гвардиола изјави дека тој никогаш не барал клубот да му го доведе Меси, што може да се толкува на различни начини…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави добил понуда од клуб од Премиер лигата?

Чави Ернандез ја напушти Барселона, но многу брзо може да добие нов ангажман. Неколку шпан…