По низата лоши вести за македонскиот и европскиот ракометен шампион во врска со заминувањата на неколку ракометари, но и тренерот Раул Гонзалес сега ни пристигнува одлична вест за црвено-црните-.
Помеѓу оние за кои се шпекулира дека ќе го напуштат Вардар е и фантастичниот голман Арпад Штербик. Но, управата на Вардар доколку замине Штербик наводно е спремна да го доведе одличниот Данец од редовите на Кил, Николас Ландин, пренесува „Прес24“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ландин на голот на Вардар би можеле да го гледаме од наредната сезона кога како што споменавме се најавува заминување на Штербик.
Данецот, Ландин сигурно би бил одличен избор, тој во овој момент е помеѓу најдобрите пет голмани во Европа, а неговиот договор со германски Кил има важност до јуни 2018.